Иако се уште нема официјална потврда, најдобрио македонски фудбалер, Горан Пандев, од денеска и официјално ќе му биде ставен на располагање на шефот на стручниот штаб на Интер, Жозе Мурињо.

Пандев, како што неофицијално пренесуваат медиумите на Апенинскиот полуостров, вчера бил на лекарски преглед во миланскиот калчо лигаш, а бил најавен и ручек со Мурињо.

Доколку се биде во ред Пандев се очекува да дебитира во дресот на италијанскиот шампион  веќе утре на натпреварот со Киево.

Ohridnews