Горан Пандев и Интер одбраната на титулата во “Серија А“ ќе ја започнат од Болоња, против истоимениот калчолигаш. Дерби мечевите против Рома и Јувентус ќе ги одиграат во петтото, и шестото коло.


“Дерби дела Мадонина“ против Милан ќе се одигра на 14 ноември, додека реваншот е на 3 април.

Во првото коло  “Старата дама” гостува кај Бари, а Милан го пречекува Лече. Актуелниот вицепрвак Рома ќе го нагости повратникот Чезена.

Ohridnews