Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев најави дека е подготвен да се повлече од Академија Пандев ако не се променат работите на подобро во македонскиот клупски фудбал. Пандев ја прозиваше Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), која ги одложи петте мечеви од прволигашката конкуренција во неделата, а ден претходно дозволи да се одигра мечот во Струмица, помеѓу Академија Пандев и Работнички, кој заврши во корист на гостите со 0-1.

Jа кажав само вистината како стојат работите во мак фудбалот. Ова не е само од последниот натпревар што се одигра во саботата, туку тоа е и од минатото првенство. Знаеме дека првенството беше прекинато заради пандемијата а имаше уште неколку кола да се доиграт и никој не превзеде одговорност а клубовите потрошија. Јас зборувам за нашиот клуб. Потрошивме куп пари  а на средината од првенството се прекина а бевме и во полуфиналето од Купот. Но никој не превзеде одговорност. Видовме кои екипи излегоа во Европа и се заташка работата.  Помош  нула. Сега во вакви услови дозволија да се игра натпревар а се знаеше какви ќе бидат временските услови за време на викендот во Македонија уште пред 5-6 дена. Некој си таму делегат и некои луѓе кажале дека теренот е добар и имало одлични услови за игра и можело да се игра. Добро е што немаше повредени . Не сум против претседателот на ФФМ  но треба да се чукнат во глава да размислат како го водат нашиот македонски фудбал бидејки нашиот фудбал така не може да продолжи. – изјави Пандев.

 

Комплетното интервју на Пандев можете да го прочитате, тука.

OhridNews

 

Пандев: Срамно и жално, подготвен сум да се тргнам од фудбалот ако не се сменат работите во ФФМ