В сабота на програмата во Турција е големот дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче. Од оваа сезона дел од тимот на Галатасарај е македонскиот интернационалец Горан Пандев, кој ќе одигра третото градско дерби по ние во Рим и Милано.
– Едвај чекам да почне најголемото дерби на Турција. Тоа ќе биде интересен и квалитетен меч. Кога играат Галатасарај и Фенербахче сè останато е во втор план. Очекувам голема борба, квалитетен натпревар со оглед на тоа дека во двете екипи играат голем број квалитетни фудбалери – рече Пандев.
По пет одиграни натпревари во турската „Лига 1“ екипите на Галатасарај и Фенербахче имаат ист број на бодови десет и ја делат третата позиција.
Мх.П.