Натпреварите во дресот со националниот грб се единствените официјални натпревари во овај пеколен период за најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.
По расправијата со преседателот Лотито, Пандев е префрлен во резервниот тим на Лацио и нема ниту еден официјален настап за “небесно – сините“ сезонава.
– Хендикеп е неиграњето. Не е исто само да се тренира, а да не се игра. Ние ки не сме дел од првиот тим секој четврток играме натпревари, кои не одржуваат во Форма. Но без разлика на мојата ситуација во Лацио за македонскиот дрес секогаш го давам максимумот – вели Пандев, кој најавува наскоро разрешница на неговиот случај со Лацио.