На првата прес конференција сезонава пред италијанските новинари напаѓачот на Лацио, Горан Пандев говореше за неговата иднина во клубот, како и за можностите и очекувањата во наредната сезона на римскиот калчолигаш.

–    Сакам да го повторам она што многу пати досега сум го кажал. Одлично се чувствувам во Лацио, клубот ми даде многу, јас верувам во тимот и мене ми останува да се подготвам што подобро и да размислувам само на мојата игра.

 

Пандев очекува “розева“ сезона за “небесно-сините“ и спремен е да се опклади на висок пласман годинава.

–    Имаме една млада и воиграна екипа која подолго време настапува заедно. Очекувам Лацио оваа година лесно да влезе во Евро зоната, но нашите погледи се вперени во горниот дел на табелата, Палермо и Фиорентина не се ништо подобри од нас.


До стартот на калчо шампионатат има околку месец дена, а место за подбрување се уште има. Во првото коло Лацио гостува кај Каљари.
 
–    Добро се подготвуваме за стартот на сезоната, очекувам нашите добри резултати да ги вратат тифозите на “Олимпико“ и се надевам дека и годинава навивачите ќе бидат наш 12 –ти играч.


Во наредните неколку дена се очекува Горан Пандев да го стави својот потпис за продолжување на престојот на „Олимпико“. Менаџерот на Пандев договорил годишната плата да изнесува 1,5 милиони евра, плус премија за секој постигнат гол по 100.000 евра и уште по 100.000 евра по секој одигран десетти натпревар во дресот на “лацијаните

ohridnews