Горан Пандев, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, против Хрватска очекува тежок натпревар, но е оптимист дека доколку на теренот репрезентативците ги испочитуваат тактичките замисли на селекторот, националниот тим може да извлече позитивен резултат.
Капитенот, како и селекторот, не даде одговор на прашањето на која позиција ќе го започне мечот, во шпицот на нападот или ќе делува зад напаѓачите.
Пандев одговори на прашањето дали присуството на неговиот поранеше тренер Жозе Мурињо, на трибините во „Максимир“, може да биде екстра мотив за него и неговите соиграчи.
„Се слушнавме пред два дена и бев изненаден кога ми се јави и ми рече дека ќе го гледа дуелот Хрватска – Македонија. Сепак, тој таму ќе го следи Модриќ. Неговото присуство може да нé мотивира, но поголем мотив од Хрватска за нас нема.- вели Пандев.
“макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com