Пандев поради повреда беше надвор од тренажен процес две недели, со очекува македонецот на натпреварот со Парма на домашен терен да го предводи нападот на “наполитанците“.
– Навивачите на Наполи ќе го видат вистинскиот Горан Пандев, влегувањето во форма особено на физички план ми е приоритет. Жалам што е не сум “топ“ но има такви периоди во кариерата – истакна капитенот на “црвено жолтите“ Горан Пандев.
Наполи со десет бодови од пет натпревари се наоѓа на третата позиција еден бод зад второпласираниот Удинезе и лидерот на табелата во Серија А, Јувентус. Избраниците на Мацари в сабота во Неaпол ја пречекуваат Парма во рамките на шестото коло.