Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев во дресот на Наполи му преостануваат уште шест месеци од договорот а веќе се “шушка“ за неговата иднина. На крајот од сезоната челниците на Наполи и поранешниот клуб на Пандев, Интер треба да се сретнат и да решат што понатаму со македонскиот ас.
Заврши љубовта помеѓу Интер и Пандев.
– Ќе останам во Наполи или ќе се преселам во странство, нема да се вратам во Интер – истакна Пандев.
Како следна дестинација за Пандев се наведува “Ла Лига“, а најгласни се шпекулациите за Севиља.
– Имам аспирација да играм во Шпанија, a знам дека Севиља е заинтересирана за моите услуги – заврши македонскиот интернационалец во дресот на Наполи, Горан Пандев.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com