Чистката во “нероаѕурите“ го зафати и најдобриот македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев кој во наредната година дена ќе игра како позајмен играч во Наполи.
Пандев не го “издржа“ пресингот кој го наметна Интер, во желбата да се ослободи од крилниот офанзивец. Во текот на целиот трансфер период македонецот беше мета на шпекуалции, беше понуден на Џенова, Фиорентина, за да на крај од трансфер период пред стратот на сезоната ја прифати понудата на Наполи.
– Не сакав да го напуштам Интер, но воодушевен сум што ќе му се придружам
на Наполи. Наполи е важен клуб што ќе игра во Лигата на шампионите оваа
година. Најважно од сè е што сум задоволен од овој трансфер и гледам
пред себе нова авантура – рече Пандев
Добрата страна за Пандев е тоа што ќе може повторно стандардно да игра, а стратегот на Наполи, Валтер Мацари ќе добие екстра засилување во тимот.
Наполи кој минатата сезона како третопласиран во Серија А, обезбеди пласман во Лигата на Шампиони се најде во “групата на смртта“ заедно со Баерн Минхен, Манчестер Сити и Виљареал.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com