Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев беше фудбалер на одлука на мечот со Удинезе. Пандев во последната минута од првиот деч погоди за водството од 2-1 кое на крајот се покажа како доволно за конечен триумф.


По триумфот “азурите“ се израмнаа со Јувентус на врвот од табелата во Серија А. “Гранде Пандев“ преку официјалниот профил на “фејсбук“ им се заблогадари на сите фанови за честитките и изјави – Среќен сум за победничкиот погодок, но уште сум посреќен што победивме. Ние сме на врвот и сакаме да останаме таму.

Во паузата што следувана клупски план, Пандев заедно со македонската репрезентација го очекуваат одлучувачките дерби средби во мундијалските квалификации со Хрватска и Србија.

Мх.П.