Актуелниот првак Интер и најтофејниот италијански клуб Јувентус се последните гиганти кои покажаа интерес за македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Од Римски Лацио најавуваат дека Пандев ќе остане во небесно-синиот дрес, но се уште не е потпишан новиот договор кој треба да ги задоволи апетитите на струмичанецот.
Доколку до крајот на сезонава договорот не биде продолжен, Пандев со сигурност ќе биде продаден летово, бидејќи следната сезона ќе може да си замине како слободен играч.
Пандев ја игра петтата сезона во Лацио и досега во преку 150 меча има постигнато над 50 погодоци за римскиот калчолигаш. Сезонава на 23 меча Пандев даде 8 гола во Серија А и моментно е прв стрелец во екипата.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com