Екипата на Џенова се одлепи од опасната зона на табелата во Серија А, освојувајќи нови три бодови после победата над Наполи со 2-1, во 20-та рунда од италијанскиот шампионат.
Творец на победата на Џенова беше македонскиот фудбалер Горан Пандев, кој ги постигна двата погодоци за домашниот состав. Пандев стрелаше во првиот дел, матирајќи го својот поранешен клуб. Пандев не се радуваше за головите, со што покажа почит за Наполи. Стрелец за гостите беше Политано.
- Резултати:
Аталанта – Торино 3-3
Сасуоло – Специја 1-2
Јувентус – Рома 2-0
Џенова – Наполи 2-1
OhridNews