Реален оптимизам владее во редовите на националниот тим пред утрешниот натпревар, од кој едногласно се очекува одмазда за Исланѓаните за поразот во октомври 2008 во Рејкјавик.
–
Мора да победиме. Знаеме дека нe очекува повторно тежок натпревар со оглед на тоа што Исланѓаните доаѓаат во Скопје да се бранат со сите сили, но свесни сме дека имаме квалитет за триумф. Атмосферата во тимот е навистина добра, дуелот со Норвешка е зад нас, и силна е желбата овој репрезентативен собир да го крунисаме со триумф – вели најдобриот македонски фудбалери Горан Пандев
Пандев информацијата за смената на Делио Роси од клупата на Лацио ја дочека во Скопје.
– Фудбалот носи секогаш промени. Јас, во секој случај ќе му се заблагодарам на Роси за целокупната наша досегашна соработка бидејќи тој како тренер несомнено има голем удел во развојот на мојата фудбалска кариера– истакна Пандев.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com