Македонскиот интернационалец Горан Пандев за ТВ каналот на Интер се осврна на мечот од четвртфиналето во ЛШ меѓу Интер и ЦСКА Москва, кој нероазурите го добија со 1-0.
– Одигравме одлично второ полувреме, ние го диктиравме темпото на игра, баш онака како што се договоривме во соблекувалната. Се надевам дека ќе го сториме истото и во вторник на реванш мечот, брзо ќе постигнеме погодок и потоа ќе ја разбиеме тактиката на противникот.
Пандев истакна дека напорно работи за тимот, бидејќи за него е многу поважно тимот да победува отколку лично постигнување како индивидуалец.
– Мојата игра се промени откако стигнав во Интер. Понекогаш делувам по левата, понекогаш по десната, како што Мурињо ќе побара од мене. Секогаш сум подготвен да го дадам својот максимум за триумф на тимот – рече Пандев.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com