Патот до успехот во спортот не е постелен со црвен тепих, туку со разно разни препреки кои секој спортист мора успешно да ги помине. Некои се тешки, некои се лесни. Некои предизвици доаѓѓаат на теренот, но има такви кои се надвор од него и тешко се премостуваат. Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев откри една препрека со која се соочил во екипата на Лацио. Пандев влегол во клинч со претседателот на клубот Клауди Лотито, кој не бирал средства да го заплаши македонскиот фудбалер.
Мислам дека најдобрите партии во животот ги имав во Лацио, а секогаш земав плата според првиот договор што го потпишав, младинскиот договор со Интер. Чекав да ме викнат, сите добиваа покачување. Преку глава ми дојде таквата ситуација и решив да заминам. На една година пред истекот на договорот ми рекоа дека сериозно сметаат на мене. Кога видоа дека не сакам да потишам нов договор започнаа и проблемите. Беше вистински кошмар, целиот тим замина за Пекинг на Суперкупот, а јас останав во Рим да тренирам на 40 степени. Лотито ми праќаше навивачи да ми се закануваат, но јас решив са заминам. – раскажа Пандев во видео разговорот со соиграчот од репрезентацијата, Илија Несторовски.
Пандев со Лацио заврши на суд. Македонецот го доби спорот со клубот и како слободен фудбалер се пресели во Интер. Пандев заедно со екипата под водство на Жозе Мурињо освоија три титули, победувајќи во Серија А, Купот на Италија и Лигата на Шампиони.
OhridNews