– Немам проблем да ви кажам, ќе стартуваме вака: Цезар, Маикон, Лусио, Самуел, Сантон, Камбијасо, Занети, Мунтари, Снајдер, Пандев и Милито – изјави Мурињо.
– На секој натпреварму посветувам исто внимание и концентрација како и на сите останати, без разлика дали е тоа пријателски или натпревар од Лигата на шампионите. Ги почитувам сите противници, а во исто време имам верба во нашиот квалитет. Ќе биде ова тежок натпревар, но верувам дека истиот ќе биде далеку потежок за нашите противници отколку за нас самите- истакна португалецот.