Македонскиот интернационалец Горан Пандев со оцена 6,5 беше најдобро оценатиот напаѓач на Лацио на натпреварот против Јувентус. Пандев не успеа по да ја продолжи голгетерската низа, но затоа беше констнатна опасност по голот на Манингер.

Најдобро оценат играч во редовите на “небесно -сините“ беше стрелецот на голот Ледесма (7) додека за играч на натпреварот беше прогласен одбранбениот играч на Јуве, Олаф Мелберг (7.5).

М.П.