Еден од водечките спортски медиуми во светот „Goal.com“ со четворка ја оцени играта на Горан Пандев на дуелот со Лацио, кој неговиот тим Наполи го доби со 4-2.

Настапот на Пандев против својот поранешен клуб беше 300-ти во Серија А, а Македонецот го круниса со блескава престава откако еднаш погоди и асистираше за погодок.

Најдобар играч на мечот е двојниот стрелец Гонзало Игуаин, кој доби „чиста петка“, а по него следува Пандев со четврока, дефанзивецот Маџо со 3.5.

Мх.П.