Новиот македонски капитен и во својот втор обид немаше среќа да се радува на победа со капитенскта лента. Пандев смета дека пропуштените прилики во првиот дел не чинеа реми .
– Одигравме натпревар во кој доминиравме во прво полувреме каде и покрај водството не искористивме уште две-три ситуации за гол, додека во второто полувреме Малта беше можеби подобар противник, постигна гол на самиот почеток и после тоа беше тешко да се пробие нивната одбрана. Овој период е многу незгоден за натпревари бидејќи сите играчи се во фаза на подговотки и кондицијата не е на највисоко ниво. Секако дека натпреварите со Словачка и Ерменија се друга приказна и тука ќе влеземе максимално подготвени да направиме добар резултат – вели Пандев
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com