По шест месеци во изолација, Горан Пандев ја дочека својата слобода. Македонскиот напаѓач кој минатата сезона заедно со Зарате беа еден од најубиствените тандеми во Серија А, првиот дел од сезонава мораше да го одгледа од трибините. Пандев во изминатите три години бараше да му биде ревидентиран договорот но контраверзниот преседател не сакаше да ги зголеми примањата на струмичаенецот.
Во последната година од договорот Пандев побара да ја проемени средината, но Лотито не сакаше да чуе за тоа ставајќи преголема цена (20 милиони евра) како обештетување за Горан, кое автоматски ги одбиваше потенцијалните купувачи.
Се е сега минато, а Пандев кој помина низ тежок период, најтежок во неговата кариера по дозанвањето на слободата ги нападана првите луѓе во клубот:
– Многу ми е жал за Лацио и за навивачите што си заминувам на ваков начи. Но, Лотито и Таре не заслужуваат да водат клуб како Лацио. Тие го водат клубот на срамен начин. Јас секогаш давав се за Лацио, а некогаш играв и повреден. Исто така разочаран сум и од Балардини кој небеше воопшто коректен. Моите соиграчи? Имав коректен однос со нив, но никој не кажа една реченица во моја одбрана – истакна Пандев.
Пандев новогодишните и божиќните празници ќе ги помине во Македонија, пошто ќе се врати во Италија за да одлучи што понатаму со својата кариера.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com