Наполи брзо се рехабилитираше од поразот против  Рома, откако пред своите гледачи со тениски 6-1 ја “збриша“ Џенова во 16-та рунда од Серија А. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев со асистенција до Кавани и погодок трет сезонава го зачини трумфот над Џенова.


–    Среќен сум што ги израдував моите фанови со погодок и победа а се надевам дека вака ќе продолжам. На теренот ги спроведовме сите тактички замисли на тренерот поведовме брзо потоа беше се полесно. Добро е што пред паузата во првенството ги освоивме трите бодови – потенцираше македонскиот ас, Горан Пандев.


Избраниците на Валтер Мацари со шест победи и исто толку нерешени средби се наоѓаат на шестата позиција на табелата во “Калчото“ со 24 бодови.

Видео : Наполи убедлив, Пандев блесна
.

Мх.П.