ФИФА е пред нов скандал. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев за италијанските медиуми обелодени дека неговите гласови за најдобар тренер биле сменати и дека тој петте бода му ги доделил на Жозе Мурињо.
– Јас гласав за Мурињо, тоа е сигурно. Не ми е јасно што се случи, но потоа на списоците се појави дека сум му дал пет гласа на Дел Боске, три на Манчини, еден на Клоп. Навистина не знам што се случи, не би сакал да користам потешки зборови, но нешто овде е многу чудно. Разбирам зошто Жозе е разочаран, но ниту тој, ниту пак јас можеме да ги смениме овие работи. Жал ми е што се сменети токму моите гласови бидејќи јас секако поддршката ќе му ја дадам на тренерот што ми помогна толку многу во кариерата – истакна Пандев.
После секое избирање на најдобрите во светскиот фудбалски крем, ФИФА ги објавува гласовите на сите селектори и капитените на репрезентациите.