Уште еден шок за најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев. Струмичанецот кој во Охрид заедно со репрезентацијата се подготвува за завршните натпревари од квалификациите за СП е изоставен од списокот на Лацио за престојните натпревари во Уефа Евро лигата.

Ваквиот расплет на случувањата е очекуван ако се знае дека од поодмана е пукната тиквата помеѓу Горан и преседателот на Лацио , Клаудио Лотито. Пандев вчера пред новинарите најави ваков расплет на настаните, велејќи дека за него Лацио е завршена работа.

фото Емилио

М.П.