Се поизвесно е дека за натпреварот против Хрватска селекторот Катанец нема да може да смета на услугите на најдобриот македонски репрезентативец, Горан Пандев.
На последниот натпревар против Рома, Пандев ја обнови повредата на глуждот на левата нога и по првите прогнози нема да настапи на мечевите против Фиорентина (во сабота) и против Вердер (во вторник во ЛШ).
По натпреварот е констатиран оток на глуждот поради кој најдобриот македонски репрезентативец може да го пропушти и евро-квалификацискиот натпревар против Хрватска, кој на 17 ноември се игра на Градскиот стадион во Скопје.