Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ќе ја преземе капитенската улога во нашиот национален тим низ новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2012 година во Полска и во Украина.


Со одлука на стручниот штаб на репрезентацијата, Пандев израснувајќи во еден од најдобрите европски фудбалери, а по извонредната сезона во дресот на Интер надградувајќи го дополнително својот авторитет треба да биде нашиот капитен во обидот да се стигне до најголемиот за нас досегашен успех – пласман на завршницата од еден голем фудбалски настан.

Низ претстојните два пријателски натпревари, со Романија и со Азербејџан, капитенската лента ќе ја носи Игор Митрески, за дуелот со Малта, кој е предвиден на 11 август капитен треба да биде Величе Шумуликоски, а понатаму и двајцата низ квалификациите ќе бидат заменици капитени во националниот тим.

Долги години претходно капитенската лента беше наменета за искусниот Гоце Седлоски, кој пред крајот на својата играчка кариера веќе од претходно, во договор со стручниот штаб, ја препушти на помладите.