Најпознатиот фудбалски портал “Гол”, ја објави листата со 10 најдобри трансфери кои биле реализирани за време на зимскиот преоден рок. На врвот на листата е македонскиот репрезентативец Горан Пандев.


Пандев во Интер дојде без за него шампионот да плати евро обештетувањe, а згора на  тоа македонецот ќе има можноста да игра во Лигата на шампиони.

На втората позиција е репрезентативецот на Холандија, Руд ван Нистелрој, кој премина во  во германскиот бундеслигаш Хамбургер. Идентично како и Пандев, и ексфудбалер на Реал (М), се пресели на новата локација како слободен агент.

Трет на листата е бразилскиот интернационалец, Робињо, кој пролетниот дел од сезоната ќе го одигра како позајмен фудбалер во дресот на Сантос.

Ohridnews