Во одлична атмосфера македонската “А“ селекција ги продолжува подготвките за квалификацискиот натпревар во Е групата против Хрватска. Македонската репрезентација досега еднаш ги одмери силите со коцкастите и тоа во квалификацискиот циклус за евро 2000.

На Максимир со голот “чиста класика“ на Бобан бевме поразени со 3-2, голот на Христов на Градски значеше 3-то место за Хрватите кои не успеаја да обезбедат пласман на Евро 2000 .

По денот одмор на тренининзите на репрезентацијата се приклучи Горан Пандев кој одличната форма во дресот на Лацио се очекува да ја потврди и во црвено –жолтиот дрес во сабота на Максимир. „Одличната форма сезонава е заслуга на сите во клубот, а Лацио игра  одлично и моите голови се само плод на таа игра.“

Неиграњето на Пандев против Русија беше голем хендикеп за македонската репрезентација:

„Изгоревме во желбата да триумфираме против Русија, натпреварот на Максимир е друга приказна е нема да го повториме тоа. Не` очекува тежок натпревар, но ќе дадеме се` од себе и мислам дека може да ги изненадиме хрватите и непоразени да се вратиме“ – вели новиот лидер во репрезентацијата, напаѓачот на римски Лацио, Горан Пандев.

Голманот на нашата репрезентација Николовски за кого Максимир не е непознат, очекува полни трибини, одлична атмосфера но и добро издание на нашата репрезентација. Натпреварот со Хрватска ќе го даде патоказот во која насока ќе продолжи нашиот квалификациски циклус.

Пораз од Хрватска сигурно би значел крај на шансите за пласман на ЕП, но далеку од тоа дека со бело знаме одиме во Загреб. Потешките натпревари за нас поминаа, а позитивен резултат не` остава во игра. Играта против со Русија не смее да се повтори бидејки тоа би било погубно за нас. Според мене Хрватите се далeку подобра селекција од Русите, завршува македонската „единица“ Јане Николовски.


Ситна повреда, без последици. Горан Пандев

Недостигот на двајцата стандардни репрезентативци во одбраната, од она што денес го видовме најверојтно ке ги надополнат Васоски и Попов. Вообичаено тренингот заврши со партија 8 на 8, а победија жолтите со двата гола на расположениот Наумоски.  

Она што радува е здравствениот билтен, ситен удар заработи Пандев но тоа е далeку од нешто сериозно.

М. Постолоски