Првото место во групата од лигата на шампиони ќе им овозможи мирна зима на виолетовите од Фиренца. Во исчкување на европските пари директорот на клубот Корвино, со своја листа на желби на која е и Горан Пандев.
– Приоритет ни е одбаранбен играч и тоа кој игра во серија А. Пандев? Летото сакавме да го продадеме Муту за да направиме место за него во тимот, но Лотито за македонецот бараше трампа со Кузмановиќ плус пари – изјави Корвино за италијанските медиуми.
Интерес за Пандев постои кај големите италјански клубови. В понеделник продолжува процесот Пандев против Лацио, а доколку напаѓачот биде слободен ќе биде на мета клубовите посебно и поради фактот што тој ќе може да игра во европските натпреварувања на пролет.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com