Екипата на Џенова за која настапува Горан Пандев благодарение на Интер кој го совлада Емполи со 2-1 обезбеди опстанок и нова сезона во италијанската Серија А. Пандев кој беше дел од златната генерација на „нероазурите“ му се заблагодари на својот поранешен клуб за услугата и му посака многу среќа во Лигата на Шампиони следната сезона.
- Заслуживме да опстаниме и следната сезона да се натпреваруваме во Серија А. Не е важно како, туку што успеавме во целта. Големо фала за Интер кој го совлада Емполи и му посакувам се најдобро во ЛШ. – изјави Пандев.
Со трите бодови од дуелот со Емполи клубот од Џузепе Меаца го фати последниот воз и заедно со Аталанта, Наполи и првакот Јувентус ќе бидат италијански преставници во најеминетното клупско натпреварување.
Пандев во 2010 година на сред сезона по барање на тогашниот тренер Жозе Мурињо го засили Интер и беше дел до екипата која освои тројна круна победувајќи во Серија А, Купот на Италија и ЛШ.
OhridNews