Мега скандал со лажирани натпревари ја тресе Италија. Еден од мечевите кој бил на листата за да се “намести“ е мечот Интер – Лече кој според организаторите требало да заврши “3+“ но мечот заврши 1-0 со погодок на Пацини во седмата минута од вториот дел. Капитенот на македонскиот национален тим изненаден од ваквите најави демантира секаква вмешаност на неговиот тим во аферата.


– Интер е голем клуб,  и никој во клубот не се впуштил во таква авантура. Тоа не може да му се случи на таков клуб каков што е поранешниот шампион на Италија. Сигурно дека тоа е голем удар за италијанскиот фудбал, станува за збор за истакнати италијански репрезнтативци и фудбалери, и би било голем удар доколку се докаже тоа дека имало наместни натпревари. Сепак тоа со кладилниците мене не ме интересира –  истакна Пандев, кој рече дека едвај го скршиле отпорот на мечот со Лече, а далеку од тоа дека мечот бил лажиран.

М.П.