Македонскиот интернационалец Горан Пандев со највисока оцена “8“ беше оценат за преставата и играта на мечот од 23 коло против Каљари кој Интер го доби со 3-0. Пандев го отвори резултатот, му додаде на Милито при постигнувањето на третиот гол и на феноменален начин му ја врати укажаната доверба на португалскиот стратег Мурињо. Пандев одлично се снајде во срцето на нападот на Интер, заменувајќи го холанѓанецот Снајдер.


Позади Пандев со седмици беа оценати Цезар, Маикон, Занети и Милито кој по завршувањето на мечот рече дека му причинува огромно задоволство што е дел од новото “триатуто“ на Интер. – Мојот гол беше дело на моите соиграчи Пандев и Ето, одлично е да се гледа како одиграа двајцата во акцијата за постигнувањето на голот.

М.П.