Италијанските медиуми го обвинуваат Горан Пандев дека намерно добил жолт картон во 90-сетата минута на мечот против Хрватска.

Пандев заради тој жолт картон ќе го пропушти мечот против Србија во Скопје, а Италијанците сметаат дека Пандев тоа го направил намерно, бидејќи сака што поскоро и без повреди да се врати во Неапол. Неговиот клуб следниот викенд го игра дербито со Јувентус, а Пандев одлучи дека во овој момент е поважен успехот на клубот.

За истата работа Италијанците го обвинуваат и Чилеанецот Артур Видал, кој во мечот против Еквадор заработи црвен картон. Интересно, Видал е играч на Јувентус, а и тој суспензијата ја заработи во последните минути на натпреварот во Еквадор.

Мечот меѓу Македонија и Хрватска во Скопје ја следеше и претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис.

“макфакс“
Ohridnews