Горан Пандев го потврди своето враќање во А селекцијата. Селекторот Игор Ангеловски на располагање ќе го има за двата пријателски мечеви со Словенија и Бугарија овој месец.


Информацијата за враќањето на фудбалерот на Џенова во сениорската репрезентацијата ја лиферуваше „Македонски Спорт“.

– Да, да доаѓам. Дадов збор и се гледаме во Копер. Реков дека ќе се вратам, и ќе го сторам тоа. Се надевам на подобри резултати на репрезентацијата. Сега треба сите да се мобилизираме за доброто на националниот тим. – рече за весникот Горан Пандев.

Репрезентативците заедно со Пандев ќе имаат тешка задача да ја вратат селекција на правиот колосек откако во најновото рангирање на ФИФА, Македонија се најде на 138-то место.

Извор: „Македонски Спорт“
OhridNews