Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев ќе патува наредната недела со тимот на Интер во Обединетите Арапски Емирати на Светското клупско првенство за 2010 година.
Покрај Пандев, неодамна прогласениот најдоабр играч во Азија, Саша Огненовски со Сеонгнам од ЈУжна Кореја, азискиот шампион исто така ќе се бори за престижната титула.
На овогодинешното издание можен е македонски дуел, и тоа во полуфиналето на клупскиот Мундијал, кој се игра од 8 до 18 декември.
Клупскиот
шампионат ќе го отворат домаќинот Ал-Вахда и Хекари Јунајтед од Папуа
Нова Гвинеја. Овие две екипи во меѓусебен дуел ќе го дадат патникот во
четвртфиналето. Победникот од овој натпревар во понатамошниот тек од
турнирот за противник ќе го има шампионот на Азија, Сеонгам.
Во
полуфиналето, првакот на Европа Интер ќе игра со подобриот од дуелот
помеѓу Сеонгам и Ал-Вахда или Хекари Јунајтед.
Втората
четвртфинална двојка ја формираа шампионот на Африка Мазамбе од Конгои и Пачука од
Мексико. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе му се спротистави на
шампионот на Јужна Америка, Интернасионал од Бразил.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com