Пред стартот на Серија од тимот на Наполи најавија дека ќе атакуваат на Скудетото. Горан Пандев и неговите соиграчи го потврдија тоа победувајќи Болоња со убедливи 3-0.
Македонскиот репрезентативец мечот го започна од првата минута во нападот со Гонзало Игуаин, а од игра излезе во 67-та при резултат 3-0.
Головите за „азурите“ ги постигна двајца фудбалери и тоа Марек Хамшик стрелаше два пати и Калехон, кој го реализираше дебитанскиот погодок.
Резултати : Интер – Џенова 2-0, Наполи – Болоња 3-0, Ливорно – Рома 0-2, Каљари – Аталанта 2-1, Лацио – Удинезе 2-1, Парма – Киево 0-0, Торино – Сасуоло 2-0.
Мх.П.