Шпанскиот стратег Рафаел Бенитез е новиот тренер на Наполи. Бенитез со претседателот на “азурите“, Де Лаурентис ги договори сите услови и кормилото ќе го преземе од 1 јули.

Бенитез на клупата од Наполи ќе го наследи Валтер Мацари, кој замина во екипата на Интер, а пред две сезони токму популарниот “рафа“ беше “шеф“ на “Џузепе Меаца“. Со него на клупата Интер стигна до светската клупска титулата, а стрелец на гол во финалето беше Горан Пандев.

Шпанецот имаше кратка, но успешна авантура во Челси. На “Стемфорд Бриџ“ го донесе трофејот од Лигата на Европа и го освои третото место во Премиер лигата кое го одведе Челси во Лигата на Шампиони.

“Азурите“ наредната сезона ќе настапуваат во Лигата на Шампиони, а Бенитез во летниот преоден рок ќе има тешка задача да ги задржи Кавани, Хамшик, Пандев и останатите фудбалери кои се мета на големите клубови.

Мх.П.