Актуелниот шампион и лидер во Серија А, Интер ремизираше 0-0 на гостувањето кај Наполи. Натпреварот се одигра во силно темпо,а наместо фудбалерите стативите беа во главна улога. На два пати се тресеа стативите и на едната и на другата страна.
Пандев одигра 70 минути, а во 62 ја имаше најубавата прилика за Интер, изби сам пред Де Сантис и од чиста пенал позиција не успеа да го совлада.
По 24 одиграни кола, Интер води на табелата со 55 бода, Рома е втора со 47, додека Милан со 45 бода и натпревар помалку е на третата позиција.