На премиерниот натпревар од 15. рунда во Серија А, италијанскиот шампион Интер, со Горан Пандев во составот му гостува на Лацио.
Пандев за прва пат ќе настапи како противник на Лацио, откако по четири и пол години минати во “небесно-синиот“ дрес замина во Интер.
Интер во пресрет на овој натпревар заостанува четири бодови зад екипата на Лацио, а седум зад водечкиот Милан, кој во оваа рунда на домашен терен ја пречекува екипата на Бреша.