Хрватот Лука Модриќ ја прекина десетгодишната фудбалска доминиција на Кристијано Роналдо и Лионел Меси победувајќи во изборот кој го организира ФИФА, а учествуваат капитените и селекторите на репрезентациите и по еден новинар од секоја земја.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски, капитенот на „црвено жолтите“ Горан Пандев и новинарот Мијајлче Дургутов на победникот Модриќ му дадоа по пет бодови, а другите ги распределија различно. Ангеловски три поени му додели Рафаел Варан, еден на Кевин де Брујне, пак, Пандев три на Ентони Гризман, а еден на Роналдо. Но, и двајцата го „чкртнаа“ Меси од рангирањето.

Во трката репрезентативецот на „коцкастите“ ги совлада Роналдо и Мо Сала кој пак ја освои наградата за гол на сезоната.

OhridNews