Водечката екипа на табелата во италијанската Серија А, Јувентус го доживеа првиот неуспех во „калчо“ лигата сезонава претрпувајќи пораз од Џенова (2-0) на „Лујџи Ферари“ стадионот.

Творци на големата победа на Џенова беа Стефано Стураро и македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Стураро за почетно водство погоди две минути откако влезе во игра по асистенција на Пандев,  а капитенот на Македонија кој исто така влезе од клупата ја запечати победата во 81-та минута.

„Старата дама“ нема да изгуби премногу од поразот, но Џенова успеа да стопира серија од 31 натпревар без пораз на „бјанконерите“.

OhridNews