Бразилецот Леонардо го одржа првиот тренинг во базата “Апиано Џентиле“ во Милано, со актуелниот светски и европски првак Интер. На првиот тренинг под палката на Леонардо се појави новото засилување дефанзивецот Ринокиа.

Пред Пандев  и “нероазѕурите“ е долгиот јануари во кој ќе се обидат да го стигнат соседот Милан, кој има 13 поени предност.


Интер има два натпревари помалце, а 24 дена ќе треба да одигра дури седум натрпевари, шест во Серија А и еден во купот на Италија.

М.П.