Македонскиот интернационалец Горан Пандев по завршувањето на финалниот натпревар од лигата на шампиони и победата на Интер од 2-0 над Баерн на Сантијаго Бернабе во Мадрид, гордо го развеа македонското знаме. Во тие моменти македонците од целиот свет се почустуваа како победници.


Денес беше формирана група на социјалната мрежа фејсбук каде преку 20 илјади членови му честитаат на Пандев за својот гест.
“Горди сме што те имаме“, “Нека ти се множат победите“, “Пандев ни го обели образот“, “ Браво, Пандев Македонија е со тебе“  се дел од коментарите кои го остваат фановите на групата.

М.П.