Македонскиот интернационалец Горан Пандев го промовираше новото засилување на Џенова. Калчолигашот во своите редови го донесе Дарко Лазовиќ од српскиот тим Црвена Ѕвезда.
Пандев на официјалната пресконференција беше преведувач, а голема благодарност на негова адреса упати 24-годишниот фудбалер.
– Среќен сум поради доаѓањето во Џенова и можноста за играње во Серија А. Како мал можев да ги гледам натпреварите од оваа лига, а сега ќе имам можност да бидам рамо до рамо со останатите фудбалери. Првите впечатоци се многу позитивни благодарение на Пандев кој ми помага околу се додека се навикнам на животот и го научам јазикот. – рече новиот фудбалер.
Српскиот репрезентативец на неофицијалното деби на дуелот со Вал Струбаи успеа да се запише во листата на стрелци.
Ohridnews