Македонската фудбалска репрезентација со 3-1 ја совлада селекцијата на Азербејџан во контролниот меч кој го одиграа во Австрија.
„Црвено жолтите“ победата ја најавија во првиот дел кога со головите на Марјан Радески и Горан Пандев поведоа со 2-0.
Азербејџан се врати во игра со голот од пенал на Афран Исмаилов, но Илија Нестороски во 90-та минута стави печат на победата.
Покрај победата значајна вест е прекинувањето на пост периодот на Пандев во националниот дрес кој погоди по пауза од 40 месеци.
Фото: Екипа.мк
OhridNews