Шест погодци, три црвени картони и победа на Лацио со 4-2 е епилогот во градската пресметка на Олимпико во Рим.  Македонскиот интернационалец Горан Пандев ја отвори серијата погодоци во втората минута. За Пандев ова беше деветти погодок во серија А сезонава.


Две минути подоцна Зарате зголеми на  2-0.Мексес ја врати неизвеснота во мечот намалувајќи на 2-1. На старот на вториот дел на 3-1 зголеми Лихтенштајнер,а десет минути пред крајот Де Роси намали на 3-2. Српскиот интернационалец Коларов на пет минути пред крајот ги постави конечните 4-2. Натпреварот предвреме го завршија Панучи и Мексес кај Рома, односно Метузалем кај Лацио.


Интер киксираше на Сан Сиро. Нероазурите со головите на Балотели и Ибрахимовиќ поведеа со 2-0 , но крајот мораа да се задоволат со 2-2. Кавани и Суки беа стрелци за Палермо. Милан со голот на Сидорф како гостин го совлада Киево.

М.П.