Интер нема да ја брани предноста од 1-0 стекната од првиот меч и ќе продложи со офанзивна игра да го брка местото меѓу најдобрите четири во лигата на Шампиони. Македонскиот интернационалец Горан Пандев, истакна дека Интер на “Лужники“ стадионот во Москва, ќе ја повтори играта од “Стемфорд Бриџ“, која им донесе пласман во наредната фаза.
– Имавме еден куп шанси во привиот натпревар но усепавме да погодиме само еднаш. Не знам со колку напаѓачи ќе се играме, но она што знам е дека ќе притиснеме да го добиме мечот.ЦСКА е екипа која има силна одбрана, но ние ќе ги нападнеме и овај пат ќе мора оедна од шансите да претвориме во гол – вели Пандев.
Натпреварот ЦСКА – Интер се игра од 18.30 минути.