Македонскиот напаѓач Горан Пандев е помеѓу 21 фудбалер на кои вечерва смета Жозе Мурињо за 1/4 финалето од италијанскиот куп.

Мурињо во списокот го вметна и камерунецот Самуел Ето кој се врати во Интер по настапот на Африканскиот куп на нации.

Натпреварот Интер – Јувентус (20.45) ќе го даде последниот патник меѓу најдобрите четири во италијанскиот куп. Таму веќе се Рома, Удинесе и Фиорентина.

М.П.