Македонскиот интернационалец Горан Пандев и Интер на “Џузепе Меаца“ вечерва во осминафиналето од ЛШ го пречекуваат финалистот од 2008 , Челси. Менаџерот на Интер Жозе Мурињо за пласман во наредната фаза ќе треба да го елиминира тимот кој го тој го изгради. По заминувањето на Мурињо, Челси освои само еден трофеј и тоа ФА Купот.Во ерата на Мурињо, Челси освои две титули во англиската Премиерлига, но не успеа да го одведе ниту до финалето на ЛШ.



На клупата на “сините“ е италијанскиот тактичар Карло Анчелоти кој и тоа како добро ги познава “нероазурите“. Анчелоти како тренер на Милан има скор од  10 победи, три реми и 5 порази во дуелите со Интер.

Овие две екипи првпат играат меѓусебе во некое евронатпреварување. Интер во последните три сезони губи во првата фаза од нокаутот, а во последните две години е елиминиран од англиски тим. Интер загуби на четири од последните пет меча со англиски екипи. Челси има само една победа во шест гостувања во Италија.


Пандев по три сезони се враќа во ЛШ. Струмичанецот во дресот на Лацио на два меча му даде три гола на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид, а еднаш погоди и против Олимпијакос. Пандев досега никогаш не играл против англиска екипа.

М.П.