Закочените преговори околу договорот на Пандев со “орлите“ ја подотвараат излезната врата за македонецот од римскиот калчолигаш.
Пандев е на добар пат да се врати од местото каде ја започне италијанската авантура Интер. Миланскиот калчолигаш го купи Пандев од Беласица, но струмичанецот нема ниту еден официјален настап за „нероазурите“. Откако беше дел од “примавера“ младинската екипа беше позајмен на Специја, потоа Анкона, за да биде вклучен во дилот со Станковиќ кој од Лацио замина за Интер.
Според италијанскиот тутоспорт Жозе Мурињо дал зелено светло за операцијата која би го одвела македонецот на Сан Сиро како замена за контроверзниот напаѓач Адријано. За Пандев како што пренесуваат медиумите понуди испратиле Реал (М), Ливерпул, Валенсија, Тотенхем и Зенит.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com